Речник

Квалитет и безбедност на храна - Речник на поими и изрази

        Автори:

  •          Владимир Какуринов
  •          Соња Србиновска
  •          Билјана Петановска Илиевска
  •          Ленче Колевска
  •          Петар Коцарев
  •          Александра Депиновска
  •          Павле Секуловски
  •          Катерина Костадинова

Осврт

Македонско - англискиот и англиско - македонскиот речник на поими и изрази за Квалитет и безбедност на храната е прв и единствен речник од овој вид во Европа. Официјална потврда дека се работи за единствен речник од овој вид беше дадена на Првиот европски конгрес за храна во Љубљана, 2008 година.

 

Во создавањето на овој уникатен речник учествуваше мултидисциплинарен тим на македонски експерти составен од: микробиолози, хемичари, технолози, ветеринари и лекари, сите со долгогодишно практично искуство во областа на квалитетот и безбедноста на храната.

 

Речникот содржи 4 посебни целини:

 

1. Сите термини застапени во Codex Alimentarius (заедничко тело на FAO и WHO) на ОН, односно сите поими и дефиниции што се користат во неговите кодови, стандарди, водачи, прирачници и препораки, како и поимите и дефинициите застапени во Директивите и Регулативите на Европската унија што се однесуваат на квалитетот и безбедноста на прехранбените производи. Тие се наведни споредбено, односно на начин со кој наједноставно се гледаат сличностите и разликите на исти дефиниции и поими.

2. Сите дефиниции за сите адитиви што се користат во прехранбената индустрија, како и листа на дозволените адитиви во Европската унија и нивните Е броеви. Во речникот сите адитиви се наведени во одделни категории на македонски и англиски јазик и покрај Е бројот, за секој од нив се наведени: хемискиот состав, функција, можното потекло и содржина.

3. Хармонизирана аналитичка терминологија согласно меѓународните стандарди. Во оваа целина се опфатени сите поими што биле предмет на усогласување на меѓуагенциската работа на телата на Codex Alintarius Commission за анализи и земање примероци.

4. Кратенки на различни организации, тела, комисии и спогодби што се од значење за прехранбената индустрија. При тоа овие кратенки се дадени споредбено на македонски и англиски, со објаснување на секоја буква од кратенката и со кусо прикажување на основните податоци за секоја од нив.

Речникот е наменет за: производителите на примарни производи, преработувачите, пакувачите, транспортерите, дистрибутерите, продажбата, организациите на потрошувачи, консултантите, индустриските и трговските организации, научната заедница, владините тела како што се: министерствата, дирекциите и агенциите, советодавните тела, телата за изработка на законски прописи и стандарди, инспекциски служби, лабораториите, царинските служби како и за меѓународните организации и институции штио работат во областа на храната, па и за секој заинтересиран индивидуалец.

 

  • Речникот веќе е преведен на српски јазик

 

Речникот на поими и изрази за Квалитет и безбедност на храната е РЕФЕРЕНТНА ЛИТЕРАТУРА и за Секторот за Европски Прашања  (СЕП) на Република Македонија и се користи за поквалитетно и конзистентно преведување, како и за збогатување на терминологијата од оваа област (види препорака).