Телевизија

Емисија ПАЗАР И ПАРИ - ТВ Тема

Емисијата ПАЗАР И ПАРИ која беше емитувана на 26 септември, 2013 година беше посветена на Конференцијата за квалитет и безбедност за храна и хигиенско инженерство и дизајн - 2013, која се одржа во Скопје, во хотел Континетал, на 19 и 20 септември. 


Емисијата ПРОФИТ - Наша ТВ

Емисијата ПРОФИТ која беше емитувана на 26 септември, 2013 година беше посветена на Конференцијата за квалитет и безбедност за храна и хигиенско инженерство и дизајн - 2013, која се одржа во Скопје, во хотел Континетал, на 19 и 20 септември. 


Гостување во емисијата ТРЕНД - ТВ 24 ЧАСА ВЕСТИ

 

Проф.д-р Владимир Какуринов  на 25 февруари, 2013 година гостуваше во емисијата ТРЕНД на телевизијата 24 ЧАСА ВЕСТИ.

Емисијата беше посветена на појавата на повисоко ниво на афлатоксин во млекото произведено во земјите од поранешна Југославија.






Интервју во емисијата ПАЗАР И ПАРИ - ТВ Тема

На 14 февруари, 2013 година Проф.д-р Владимир Какуринов гостуваше во емисијата ПАЗАР И ПАРИ - ТВ Тема.

Емисијата беше посветена на субвенциите кои ги обезбедува владата за подршка на земјоделството во Македонија.  


Интервју во емисијата ПРОФИТ - Наша ТВ

Проф.д-р Владимир Какуринов  на 14 декември, 2012 година имаше инревју во емисијата  ПРОФИТ на телевизијата НАША ТВ.

Емисијата беше посветена на производството на млеко и млечни производи во Република Македонија.


Интервју во емисијата ПРОФИТ - Наша ТВ

На 01 декември, 2012 година Проф.д-р Владимир Какуринов имаше интервју во емисијата ПРОФИТ - Наша ТВ.

Темата на ова издание беше хигиенското инженерство и дизајн во Македонија и светот.


Интервју во емисијата ПРОФИТ - Наша ТВ

Магистер Снежана Какуринова гостуваше во емисијата ПРОФИТ на тема успешно раководење со финансии во бизнисот, на ден 23 ноември, 2012.

Исто  тоа беше промовирана ПРЕТПРИЕМНИЧКАТА АКАДЕМИЈА како можност компаниите да ги надградуваат вештините на своите вработени.


Гостување ТВ 24 ЧАСА ВЕСТИ

На 06 ноември, 2012 година магистер Ирена Милевска, од Општина Карпош и проф.д-р Владимир Какуринов, од Консалтинг и тренинг центар КЛУЧ, беа поканети во ТВ 24 ЧАСА ВЕСТИ. Повод за гостувањето беше одржаната Конференција за хигиенско инженерство и дизајн. Повеќе

 


Интервју во емисијата ПАЗАР И ПАРИ - ТВ Тема

На 01 ноември, 2012 година Проф.д-р Владимир Какуринов имаше интервју во емисијата ПАЗАР И ПАРИ на ТВ Телма.

Во емисијата се зборуваше за  Конференцијаta за хигиенско инженерство и дизајн, одржана на 8 и 9 октомври, 2012 година во соработка со Проектот АгБиз финансиран од USAID и Општината КАРПОШ, како членка на EHEDG групацијата.


Гостување во утринската емисија 5 до 7 на АЛФА ТВ

На 18 октомври, 2012 година на АЛФА ТВ во утринската емисија 5 до 7 гостуваа проф.д-р Владимир Какуринов и магистер Ирена Милевска. Повод за гостувањето беше неодамна орджаната  Конференција за хигиенско инженерство и дизајн, одржана на 08 и 09 октомври, 2012 година во РЕПЛЕК.Повеќе

 


Интервју во емисијата ПАЗАР И ПАРИ - ТВ Тема

На 14 јуни, 2012 година во емисијата ПАЗАР И ПАРИ, магистер Снежана Какуринова ја промовираше летната школа на ПРЕТПРИЕМНИЧКАТА АКАДЕМИЈА.

 


Гостување во емисијата ПАЗАР И ПАРИ - ТВ Тема

На 26 април, 2012 во емисијата ПАЗАР И ПАРИ проф.д-р Владимир Какуринов, Претседател на македонската регионална секција на EHEDG, ги промовираше принципите на оваа меѓународна организација. Екипата на ТЕЛМА присуствуваше и снимаше дел од Информативната средба за хигиенско инженертво и дизајн на опрема за прехранбената и фармацевтската индустрија одржана на 25 април, 2012 година во Стопанската комора на РМ. Повеќе



Гостување во емисијата ПАЗАР И ПАРИ - ТВ Тема

Проф.д-р Владимир Какуринов гостуваше во емисијата ПАЗАР И ПАРИ на ТВ Телма на тема квалитет и безбедност на храна, 12 јануари, 2012.

 


СВЕТСКИ КОНГРЕС НА EHEDG ЗА ХИГИЕНСКО ИНЖЕНЕРСТВО И ДИЗАЈН 2011 - МАКЕДОНИЈА

 

22 септември, 2011- Отварање на конгресот - Изјави за медиуми

 

Настанот беше покриен од национални и локални телевизии: МТВ, КАНАЛ 5, ТЕЛМА, АЛФА и ТВМ Охрид (повеќе). 

 









ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА - EHEDG Конгрс 2011 - Македонија

11:00 часот - 02 септември, 2011 година

Клуб на новинари

На прес конференцијата организирана од Консалтинг и тренинг центар КЛУЧ, EHEDG International и Македонската регионална секција на EHEDG, медиумите беа информирани за престојниот Светскиот конгрес на Европската групација за хигиенско инженерство и дизајн (EHEDG) 2011 – МАКЕДОНИЈА кој ќе се одржи од 22 до 24 септември, 2011 година, во хотел Гранит во Охрид (www.ehedg.mk).

 На прес конференцијата свое обраќање имаа Претседателот на регионалната секција на EHEDG проф.д-р Владимир Какуринов, Директорот на агенцијата за храна и веринарство, г-динот Дејан Рунтевски и г-динот Александар Зарков, Координатор во Сојузот на Стопански Комори (повеќе).


Интервју во емисијата ПАЗАР И ПАРИ - ТВ Тема

На 09 февруари, 2011 година на емисијата ПАЗАР И ПАРИ, профе.д-р Владимир Какуринов, како Претседател на регионалната секција на EHEDG, го најави одржувањето на првиот светски конгрес за хигиенско инженерство и дизајн, кој ќе се одржи од 22-25 септември, 2011 година во Охрид.

 


Гостување во емисијата РАНОДЕН - ТВ А1

На 06 февруари, 2011 година на покана на редакцијата на РАНОДЕН, проф.д-р Владимир Какуринов гостуваше во утринската програма. Повод беше промоцијата на првиот речник на поими за квалитет и безбедност на храна во Република Македонија, и единствен од ваков вид во ЕУ и светот. Повеќе

 


5 ИНФО СРЕДБА НА МАКЕДОНСКАТА РЕГИОНАЛНА СЕКЦИЈА НА EHEDG

На 17 декември, 2010 година во салата на Општина Куманово, во организација на Консалтинг и тренинг центар КЛУЧ од Скопје,  беше одржана петтата информативна средба на Македонската регионална секција на EHEDG.

 

Настанот беше покриен од локалната телевизија ТВ НОВА (повеќе).


4 ИНФО СРЕДБА НА МАКЕДОНСКАТА РЕГИОНАЛНА СЕКЦИЈА НА EHEDG

 

На 11 ноември, 2010 година во салата на општина Свети Николе, со поддршка на Бизнис центарот при општината, а во организација на Консалтинг и тренинг центар КЛУЧ од Скопје,  беше одржана четвртата информативна средба на Македонската регионална секција на EHEDG.

Настанот беше покриен од локалната телевизија ТВ СВЕТ (повеќе).

 

 


1 ИНФО СРЕДБА НА МАКЕДОНСКА РЕГИОНАЛНА СЕКЦИЈА НА EHEDG

 

На 29 април, 2010 година, Консалтинг и тренинг центар КЛУЧ во соработка со Стопанската комора на Македонија, ja организирашe ПРВАТА ИНФОРМАТИВНА СРЕДБА на Македонската регионална  секција на EHEDG. Станува збор за највлијателната европска мрежа од областа на безбедност на храна. 

На информативната средба присуствуваа преку 80 гости, производители на храна и опрема за прехранбена индустрија, претставници на научни и истражувачки институции, министерства, дирекција за храна, инспекции  и други.

Настанот беше проследен од неколки национални телевизиски куќи (повеќе). 

 

 






Гостување на СТАР ТВ

На 1 декември, 2009 година Проф. д-р Владимир Какуринов и Проф. д-р Биљана Петановска Илиевска гостуваа на Стар ТВ од Штип. Во текот на емисијата тие ги образложија целите на тренингот на HACCP  тимовите од градинките во Велес, Штип, Свети Николе и Радовиш. Исто така, ја коментираа и сегашната ситуација со воведувањето на HACCP во Република Македонија.


Гостување на ТВ ИНТЕЛ

На 28 ноември, 2009 година, Проф. д-р Владимир Какуринов гостуваше на емисијата ПРИЗМА, на локалната Телевизија ИНТЕЛ во Струмица. Тема на разговор беше HACCP системот и неговата примена во Република Македонија.