Клучни експерти

Претприемач - Експерт за квалитет и безбедност на храна

 Проф. д-р Владимир Какуринов

Основач и извршен директор на Консалтинг и тренинг центар КЛУЧ од 2008 година. Десетгодишно искуство како HACCP тренер, со акредитации од: HACCP Alliance од САД, International Register of Certificated Auditors - IRCA од Ирска и FoodPlus - Германија за GLOBALGAP. Национално контакт лице (NCP) во Рамковните програми 6 (FP6) за Квалитет и безбедност на храната. Македонски амбасадор во European Federation of Food Science and Technology (EFFoST) на Првиот Европски конгрес за храна. Евалуатор на европски проекти (European Commission EU 6th Framework Programmes). Претседател на Македонската регионална секција на EHEDG. Прв автор на првиот европски Речник на поими за квалитет и безбедност на храна. Автор на: Прирачник и водич за воведување, одржување, надградба, инспекција и сертификација на HACCP, Прирачник за неопходни предулови при воведување на HACCP, Прирачник за заштита на традиционални производи и Прирачник за Рамковната програма 7 (FP7) - Како да ги претворите своите идеи во европски проекти. Особен интерес и стручност: комуникациски и презентерски вештини, вмрежување, брендирање, техники на предвидување и донесување одлуки, стандарди за квалитет итн. До  2011 година вонреден професор по микробиологија на Факултетот за земјоделски науки и храна при Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје. Прв Раководител на Институтот за храна. Професор по микробиологија на храна на меѓународните последипломски студии за Квалитет и безбедност на храна, при Универзитетот Св. Кирил и Методиј, во Скопје. Шеф на микробиолошката лабораторија за испитување на квалитет и безбедност на храна за човечка исхрана и добиточна храна, стартер култури. Редовен професор по Микробиологија и имунологија на Ветеринарниот факултет при Универзитетот Св. Климент Охридски во Битола. 


Експерт за финансиски и проектен менаџмент

М-р Снежана Какуринова

Експерт за финансиски и проектен менаџмент во Консалтинг и тренинг центар КЛУЧ од 2008 година, организација која е особено активна во областите: проектен менаџмент, организирање настани, работилници, конференции, тркалезни маси на теми: едукација, социјално  и женско претприемништво, личен и професионален развој,  квалитет и безбедност на храна, хигиенско инженерство и дизајн. Дипломиран економист, насока: финансиско-сметководствено-банкарска. Магистер на економски науки, област МБА Менаџмент, на Економскиот факултет, при Универзитетот "Св.Кирил и Методиј", во Скопје. 5 годишно работно искуство во штедилница ИНКО. 10 години работи како Раководител со финансии и администрација/Координатор/Администратор во 5 меѓународни проекти: "WOCCU" и "e-School", финансирани од Американската агенција за меѓународен развој (USAID) и "Фонд за развој на човечки ресурси", "Проект за поддршка на политиките за МСП на Министерство за економија"  и "Техничка поддршка за воспоставување на Национален систем за визно работење", финансирани од Европската Aгенција за Реконструкција (ЕАР). Особено познавање и искуство во планирање, буџетирање, раководење, мониторинг и евалуација на проекти.  Овластен сметководител. Водечки аудитор за ISO 9001: 2008 Систем за управување со квалитет. Сертифициран менаџмент консултант.


Експерт за финансии

Орце Наумовски

Дипломиран економист на Економскиот факултет при Универзитетот "Св.Кирил и Методиј", во Скопје. 25 годишно работно искуство, од кои 10 години на раководни функции: 2 години како директор на Секторот за контрола и ревизија во Агенцијата за приватизација и 8 години како Директор на Сектор за сметководство во Стопанска банка во Скопје. Овластен проценител, овластен судски проценител, овластен државен ревизор, овластување за тргување со хартии од вредност, положен испит за реформа и конверзија на сметководствениот систем во Македонија. Експерт за развој и реализација на програми за обука од областа финансии. 


Консултант за деловни софтвери и интернет маркетинг

Анета Долинска

Соработник од областа на деловни софтвери и технологии; дипломиран економист при Универзитетот Св."Кирил и Методија", отсек Е-бизнис, Моментално вработена во реномирана словенечка компанија, производител на деловен софтвер, и е во секојдневен допир со најновите трендови во Enterprise Resource Planning софтверите. Предходно работно искуство и експертиза за интернет маркетинг и online Customer Relationship Management, искуство стекнато во компанијата Zeitin, добитник на титулата Најбрзо растечка ИТ компанија во Истанбул за 2010 година. Успешно завршени многубројни обуки и тренинзи од области поврзани со: Social Media Маркетинг, Проектен Менаџмент, ERP софтвери и Маркетинг Манаџмент.


Експерт за проектен менаџмент

 М-р Васко Хаџиевски

Дипломиран земјоделски инженер и магистер по агро менаџмент на Факултетот за Земјоделски науки и храна, при Универзитетот Св."Кирил и Методиј" во Скопје. 14 годишно работно искуство во програми за развој на земјоделството како ACDI/VOCA, Land O’Lakes  и Tetratech-ARD финансирани од Американската агенција за меѓународен развој “USAID” и пет годишно искуство како координатор на земјоделските проекти на шведската агенција за меѓународен развој и соработка “Sida”. Особено познавање во планирање, раководење, мониторинг и евалуација на проекти и искуство во координација со државни и научни институции како Министерството за земјоделство,  шумарство и водостопанство, Факултетот за земјоделски науки и храна при УКИМ, Агенцијата за подршка и развоја на земјоделството, научно-истражувачките институти и други органи и институции на државата. Има изработено магистерски труд на тема „Предностите и последиците за земјоделството и руралниот развој на РМ со зачленувањето во Европската Униија“. Во моментов е вработен како заменик директор на проектот АгБиз, финансиран од УСАИД. 


Eксперт за Односи со јавноста

Весна Попоска

Дипломира  новинарство на    Интередисциплинарните студии по новинарство на Универзитетот Кирил и Методиј“.  Специјализира односи со  јавност во реномираната „Томсон Фондација„ во Кардиф, во Велика Британија.  Моментално работи во Владата на Република Македонија како Помошник раководител на Секторот за односи со јавноста. Повеќе од 15 години е претставник на Република Македонија во Советот на Европа во Стразбур. Од осамостојувањето на Македонија работи меѓу другото и како Помошник на министерот за информации, одговорна за мултилатералната соработка на Македонија со меѓународните организации за прашањата на слободата на говорот, слободата на медиумите. Иницијатор и раководител на бројни проекти активности од областа на ПР и медиумите, работи на директната соработка со странски медиуми, а има и богато искуство во однос на промоција на државата во странство. Во последниве неколку години, покрај редовните обврски, Владата  ја назначува  за   координатор за медиуми при организирање на меѓународни настани (НАТО, ЦЕИ, УНЕСКО и сл.) чиј домаќин е Владата на Република Македонија.


Експерт по односи со јавност и деловен англиски јазик

Марија Михајлоска

Дипломиран професор по деловна комуникација и коресподенција при University American College во Скопје. Ангажирана во секторот за Односи со јавност во Генерален Секретаријат на Влада на РМ за потребите на Кабинетот на Претседателот на Владата на РМ. Успешно завршени обуки за Проектен и организациски менаџмент (Кардула консалтинг) и Транспортирање на легислатива на ЕУ и имплементација на номотехнички правила (заеднички проект на Владата на РМ и GTZ Economic Legal Project). Особен интерес: корпоративни односи со јавност, деловна комуникација / организациски менаџмент  /  лидерство. 


Eксперт за ИТ во деловно работење

Дејан Спасески

Дипломиран инженер по електротехника (ЕТФ Скопје). Единаесетгодишно работно искуство како ИТ Менаџер во дистрибутерски компании за стока за широка потрошувачка, АВТ Интернационал и Кимби цо. Слично искуство  има и со компаниите ЏС Актуел и Интеграл. Како ИТ Менаџер работел на одржување на информациони системи во компаниите, поддршка за користење на ЕРП (деловен) софтвер, обука на вработени, бизнис анализи и подобрување на процеси, одржување на систем за контрола на квалитет. Во период од две години има работено како бизнис аналитичар за Сигма ЦБ - компанија за производство на деловен софтвер (ЕРП). Има искуство во работа со невладини организации како Менса Македонија каде бил член на Управниот одбор, како и со Образовен информативен центар каде сеуште е член на Управниот одбор. Член на Менса Македонија од 2001 година. Има посетено повеќе од 30 обуки и семинари. Автор е на блогот за Неформално образование www.no.net.mk 


Eксперт за продажба

Игор Станишков

 

Повеќе од 10 години искуство во продажба во сектор храна и пијалоци, како на локално така и на меѓународно ниво.

Искуство во меѓународна продажба и директна соработка со лица на клучни позиции во мултинационални компании лоцирани во Европа, блискиот исток и Африка, со посебен акцент на производи од индустријата на амбалажа и репроматеријали за производство на храна и пијалоци, како и производи за широка потрошувачка (FMCG - Fast Moving Consumer Goods).

Специјалност во развој и градење на комерцијална соработка со нови клиенти, на нови пазари, од различна големина и географска локација.

Развој на нови производи, континуирано подобрување на постоечки производи, особено набавка на репро материјали-производство-испорака на финален производ (Supply Chain Management).

Подобрување на производствените перформанси, изработка на бизнис планови и истражување на пазарот во областа на храна и пијалоци, редовно учество и презентација на производите на меѓународни саеми во Европа и на блискиот исток.

 


Експерт за претприемништво

М-р Владимир Матевски

Дипломиран економист и Магистер по претприемништво на УНЕСКО катедрата по претприемништво на Универзитетот во Нови Сад, Р.Србија. Моментално вработен во иновативна компанија за управување со деловна документација Контего основана од Сеавус водечкат ИТ компанија во Македонија и пошироко. Дава особен придонес во поддршката на МСП во РМ како извршен директор на Сојузот на стопански комори на Македонија. Во текот на професионалната кариера стекнува исклучително искуство во областа на стратегиското, оперативното и финансиско планирање, притоа изработува и користи бројни бизнис планови во секојдневното работење. Креатор е на настан кој е од исклучително значење во давањето признание на успешните микро и мали компании „Претприемач на годината“, а воедно учествува во организирањето на бизнис план натпреварот „Биди иновативен“. Посетува бројни обуки од областа на претприемништвото и бизнис планирањето, а исто така успешно го завршува стручниот испит за инвестиционен советник во организација на Комисијата за хартии од вредност. Особен интерес: претприемништво во високи технологии, бизнис планирање, вреднување и инвестирање во почетни бизниси.


Експерт за екологија

М-р Наталија Ацеска

Дипломиран биолог, со десетгодишно работно искуство  како професор по биологија во средно училиште. Магистер по екологија на тема ,,Интегриран концепт за управување со отпад на град Прилеп. Претходно искуство како новинар и водител во телевизија и менаџер на приватна фирма. Во моментов делува како европски координатор на интернационална еколошка едукативна програма  за Европа, сертифициран интернационален тренер за Глобе програмата - САД, извршен директор на Невладена Организација (НВО) - Жетва на знаење. Положен испит и добиена лиценца за експерт за оцена на влијание на објект врз животна средина од Министерството за животна средина и просторно планирање. Учесник во изработка на многубројни студии, ИСКЗ дозволи и елаборати за оцена на влијание на објекти врз животната средина. Автор на два прирачника од областа на екологијата и одржливиот развој. Учесник на многубројни државни и интернационални собири со авторски и коавторски трудови од областа на  животната средина. Моментално работи како директор на средното економско училиште во Прилеп.


Експерт за квалитет и безбедност на храна

М-р Ирена Милевска

Дипломиран земјоделски  инженер и Магистер по технолошка микробиологијана на Факултетот за Земјоделски науки и храна, при Универзитетот Св."Кирил и Методиј" во Скопје. 8 годишно работно искуство во Радио-Телевизија Скопје. Од 2008 година работи за Консалтинг и тренинг центар КЛУЧ, извесен период како внатрешен консултант,  а денес како надворешен консултанта  за квалитет и безбедност на храна.  Успешно завршена обука за HACCP имплементација и внатрешен аудитор. Организатор на тренинг за изработка на HACCP план. Искуство во оценка на предуслови при имплементација на HACCP систем. Особено поле на интерес: HALAL и негова примена  во индустријата за храна во Македонија. Особено искуство во работа со детски градинки и социјални јавни установи во Република Македонија. Мометално работи како советник во Општина Карпош задолжена за контрола на квалитетот и безбедноста на храна во установите за предшколска и школска возраст на територија на општината. Член на Македонската регионална секција на EHEDG (Европската групација за хигиенско инженерство и дизајн). Автор на научен труд и презентер на Првиот конгрес за хигиенско инженерство и дизајн во Македонија, одржан од 22 -- 24 септември, 2011 година. 


Експерт за правни работи

Анриета Наумовска

Дипломиран правник со 10 години работно искуство во приватен сектор. Консултант од областа на кадрово работење во претпријатијата, Закониот за безбедност и здравје при работа, Законот за трговски друштва и Законот за облигациони односи.  


Деловен англиски

Донче Ристеска

 

Дипломиран професор по англиски јазик и книжевност на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при државниот универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Постдипломец на студиите по Менаџмент во образование при Филозофскиот факултет од Скопје со специјалност неформално образование, доживотно учење и образование на возрасни. Вработена како професор по англиски јазик во ООУ „Браќа Миладиновци“ Скопје и во Едукативен центар за странски јазици и преведување „Лингва Тајм“ Скопје. Особен интерес: деловна комуникација / организациски менаџмент / лидерство.