Обуки за воведување, одржување и модификација на HACCP систем

 

ЗОШTO ОБУКА НА HACCP  ТИМ?

Составувањето на  HACCP (АОККТ) тим во секоја компанија е еден од клучните елементи за исполнување на овој систем. Тимот треба да биде мултидисциплинарен и да вклучува различен персонал (производство, лабораторија, санитација, инженери, лица одговорни за квалитет и др). Пожелно е во тимот да има и член од управата, особено кога се решава за инвестиции неопходни за имплементација на овој систем.

АКРЕДИТИРАНИ ТРЕНЕРИ

 Обуката ја спроведуваат универзитетски професори докажани во својата област, со долгогодишно искуство како HACCP (АОККТ) тренери, акредитирани од HACCP Aliance од САД и International Register of Certificated Auditors - IRCA од Ирска:

ЦЕЛИ НА ОБУКАТА

Учесниците во обуката се здобиваат со практични знаења кои ќе им овозможат:

  1. Да воведат HACCP во своето претпријатие
  2. Да го одржуваат воведениот систем
  3. Да вршат модификации на воведениот систем
  4. Да ги обучат останатите вработени како да го одржуваат системот
  5. Да бидат внатрешна контрола во други претпријатија.

СОДРЖИНА НА ОБУКАТА

Содржината  е заснована врз генералниот модел на Водич за примена на системот за Анализа на Опасности и Критични Контролни Точки (АОККТ), на Комисијата на Codex Alimentarius. Предавањата се проследени со практични вежби од страна на сите учесници. Секој HACCP тим изработува HACCP план за своето претпријатие, при што се дискутираат различни фази од неговата изработка и од воведувањето на HACCP системот.

СЕРТИФИКАТ ЗА ПРИСУСТВО И ЗА ПОЛОЖЕН ИСПИТ

За редовно посетување на обуката секој учесник добива Сертификат за присуство. На последниот ден од обуката се спроведува тестирање за утврдување на стекнатото знаење. По успешно полагање на тестот се добива Сертификат за успешно завршена обука.

ВРЕМЕТРАЕЊЕ И МЕСТО НА ОДРЖУВАЊЕ НА ОБУКАТА

3 - дневна интензивна обука (09 - 16 часот) во просториите на Консалтинг и тренинг центар КЛУЧ, Ул. Мито Хаџи-Василев Јасмин, 52-1/3 - Скопје.

БРОЈ НА УЧЕСНИЦИ:

Идеален број на обуканти: 6

ЦЕНА НА ОБУКАТА

21.500,00 денари. Во цената се вклучени:

  • Папка со комплетен материјал за обука: прирачник, програма, тефтер и пенкало
  • Две кафе паузи на ден
  • Ручек за првите два дена

Обуките се одржуваат по договор.  Доколку сте заинтерсирани пополнете пријава за обука.