Изработка на ПРЕДЛОГ ПРОЕКТ-Рамковна програма 7

 

ШТО Е РАМКОВНА ПРОГРАМА 7?

Од 1984 година Европската Унија ја поддржува и зајакнува својата научно-истражувачка заедница преку  Рамковните Програми (Framework Programmes - FP). Најновата серија  е Рамковната Програма 7, со времетраење од 7 години (од 2007 до 2013) и вкупен предвиден буџет од 73 милијарди евра. 

 

 

OБЛАСТИ:

Во Рамковната Програма 7 постојат 4 главни програми:

  • СОРАБОТКА - меѓународна соработка, поврзување и координација на истражувачки проекти
  • ИДЕИ - подобрување на динамичноста, креативноста и извонредноста на истражувањата (инженерство, социо-економски науки и хуманитарни науки)
  • ЛУЃЕ - квантитативно и квалитативно зајакнување на човечките ресурси во истражување и развој на нови технологии
  • КАПАЦИТЕТИ - јакнење на истражувачката инфраструктура корисна за малите и средни претпријатија (МСП)

ЗА КОГО Е НАМЕНЕТА ОБУКАТА?

Обуката е наменета за претставници на мали и средни претпријатија, научно-истражувачки институции, јавни и владини институции, консултанти, односно сите оние кои сакаат да ја совладаат техниката на изработка на предлог-проект, според строгите правила и обрасци кои ги бара ЕУ, како и процесот на имплементација, мониторинг, евалуација и начин на известување. 

СОДРЖИНА И ЦЕЛИ НА ОБУКАТА: 

Како основа за оваа обука се користени: Community Research and Development Information Service (CORDIS), Seventh Framework Programme Service (2007 - 2013) and European Research Area Service. Обуката нуди:

  • Информирање за цели, структура, работни програми и повици во РП 7
  • Изнаоѓање идејно решение за проект
  • Собирање информации за секоја тема
  • Барање партнер и формирање на конзорциум
  • Пишување на предлог-проект
  • Изработка на буџет според дозволената финансиска големина на проектот
  • Евалуација на проекти
  • Преговарање и потпишување на договор за грант

ТРЕНЕРИ:

Обуката ја спроведуваат:

  • Проф. д-р Владимир Какуринов, координатор во 3 проекти од Рамковните програми, Национално контакт лице (NCP) во Рамковните програми 6 (FP6) за Квалитет и безбедност на храната.
  • М-р Снежана Какуринова, предходно искуство во финансии и администрација на 3 проекти финансирани од Европската агенција за реконструкција (ЕАР). 
СЕРТИФИКАТ ЗА ЗАВРШЕНА ОБУКА:

За редовно посетување на обуката секој учесник добива Сертификат за завршена обука.

ВРЕМЕТРАЕЊЕ И МЕСТО НА ОДРЖУВАЊЕ НА ОБУКАТА:

3-дневната интензивна обука (09 - 16 часот) во просториите на Консалтинг и тренинг центар КЛУЧ, Ул. Мито Хаџи-Василев Јасмин, 52-1/3-Скопје.

БРОЈ НА УЧЕСНИЦИ:

Идеален број на обуканти: 6 - 9

Во цената се вклучени:
  • папка со комплетен материјал за обука: прирачник, програма, тефтер и пенкало
  • две кафе паузи на ден
  • ручек за двата дена

 Доколку сепак сакате пишувањето на предлог-проект  и неговото раководење да ни го доверите нам, слободно контактирајте не. За дополнителни информации прочитајте тука.