GLOBALGAP
Што е GLOBALGAP?
GLOBALGAP е приватен незадолжителен стандард, наменет за следење на примарните производи до нивна продажба, ускладиштување или преработка. Секретаријатот на GLOBALGAP е сервисна организација поддржана од FoodPLUS и е непрофитна организација со седиште во Келн, Германија.
Кога и од кого е воведен?
Воспоставен е по иницијатива на здружението на велепродавачи Euro-Retailer Produce Working Group во 1997 година и до скоро го носеше името EUREPGAP.
За кого е наменет?
Наменет е за производителите на примарното земјодество:
- Свежо овошје
- Свеж зеленчук
- Расаден материјал
- Режено цвеќе
Каде е распространет?
Добрата земјоделска пракса (Good Agricultural Practice) која е основа на овој стандард, ја олеснува продажбата на примарните земјоделски производи во маркетите секаде во светот. Придобивките од овој стандард го имаат почувствувано Carefour, Metro, Intermarche, Rewe и многу други водечки компании во светот.
Дали е задолжителен со закон?
Овој стандард не е задолжителен со закон, но е од особена важност за производителите на примарни земјоделски производи што сакаат да ги продаваат своите производи на маркетите што се дел од GLOBALGAP стандардот.