HACCP

ФАЗА 1 - ОБУКА НА HACCP ТИМ

 

Составувањето на  HACCP (АОККТ) тим во секоја компанија е еден од клучните елементи за исполнување на овој систем. Тимот треба да биде мултидисциплинарен и да вклучува различен персонал (од производство, лабораторија, санитација, инженери, инспектори, лица одговорни за квалитет и др). Пожелно е во тимот да има и член од управата, особено кога се решава за инвестиции неопходни за имплементација на овој систем.


ФАЗА 2 - ОЦЕНКА НА ПРЕДУСЛОВИ ЗА HACCP (АОККТ) СИСТЕМ

 

За успешно спроведување на  HACCP (АОККТ) системот, оценката на предусловите и нивно исполнување се од особена важност. Тие се однесуваат на моменталната состојба на екстериерот и интериерот и на условите кои тој простор треба да ги исполни за натамошна имплементација. Оценката на предусловите за имплементација ги содржи следниве карактеристики:

 

 

  1. Надворешност (екстериер) на објектот
  2. Внатрешност (интериер) на објектот
  3. Санитарни простории
  4. Квалитет и снабдување со вода/пареа/мраз
  5. Транспорт и чување (складирање)
  6. Опрема
  7. Вработени (персонал)
  8. Санитација и контрола на глодари и штетници
  9. Повлекување на производите  

ФАЗА 3 - ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА НА HACCP (АОККТ) СИСТЕМ

 Зошто е потребна имплементација?

- Грижа за нашето здравје и здравјето на нашите деца.

- Поголема конкурентност на домашниот и странскиот пазар.

- Поголема економска исплатливост.

- Поедноставување во следењето на работата.

- Усогласување на домашната и евро-атланската законска обврска.

Кој врши имплементација?

  • Обучени членови на НАССР тимот кои воедно се и вработени во компанијата каде што се имплементира системот.
  • Надворешни соработници - консултанти.
  • Експерти од областа на квалитет и безбедност на храната.