ISO 9001: 2008

ISO 9001: 2008 СИСТЕМ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО КВАЛИТЕТ

 

Усвојување на Системот за управување со квалитет треба да биде стратешка одлука на секоја организација. На дизајнот и имплементацијата на овој систем за управување со квалитет влијаат:

  • Организациското окружувањето, промените и ризиците
  • Организациските променливи потреби
  • Организациските конкретни цели
  • Продуктите кои ги нуди
  • Процесите кои ги користи
  • Големината и структурата на организацијата.

Овој меѓународен стандард нема за цел да направи унифициран систем за управување со квалитет или користење на еднообразна документација. Тој промовира усвојување на процесен пристап при развој, имплементација и подобрување на делотворноста на овој систем, со цел да се зголеми задоволството на купувачите преку исполнување на нивните барања. На овој начин се обезбедува трајно надгледување на врските меѓу поединечните процеси, нивните комбинации и меѓусебното делување. При тоа, особено се нагласува важноста на:

  • разбирање и исполнување на барањата
  • разгледување на процесите од аспект на додадена вредност
  • добивање резултати и ефективност од реализација на процесот
  • постојано подобрување на процесите на база на објективни мерења