Брошури

Системи / стандарди за безбедност на храна

       

 

        Автор:

        Проф. д-р Владимир  Какуринов


Осврт

Оваа брошура има за цел да ги информира МСП од секторот за производство и дистрибуција на храна, за непходноста и позитивните страни од воведување на кој било систем или стандард за безбедност на храна, а особено за HACCP системот. На 10 март 2009 година брошурата беше презентирана во Стопанската Комора на Република Македонија и беше нагласено дека е од особена важност за претпријатијата кои сакаат да воведат, воведуваат или веќе вовеле некој систем за безбедност на храна.

Во оваа брошура се разјаснува целата конфузија околу потребните системи и стандарди за безбедност за храна, акредитацијата и сертификацијата и се дава одговор на многу други прашања поврзани со спроведувањето на законот за безбедност на храна.

Во брошурата се опфатени следните прашања :

  • Претставување на целиот синџир за производство на храна (од примарно производство до потрошувач)
  • Законската легислатива во Република Македонија
  • Разлики помеѓу системи и стандарди за безбедност на храна и кој за кого е наменет.
  • Опис на национални, меѓународни и приватни стандарди
  • Разлика помеѓу акредитација и сертификација
  • Дали и за што е потребна сертификација?
  • Елементи на ISO 22000 и GLOBALGAP и за кого се наменети?
  • Елементи на HACCP и за кого е наменет?
  • На што да внимаваат стопанските субјекти при воведување на HACCP
  • Кои се неопходните предуслови при воведување HACCP?
  • Што е анализа на предуслови ?
  • Листа на закони и правилници