Обука за Рамковна програма 7

 

Од 11 до 18 февруари, 2009 година, за вработените на Агенцијата за поддршка на претприемништвото во Република Македонија (АППРМ), Консалтинг & тренинг центар КЛУЧ одржана обука на тема: "Вовед и искористување на можностите кои ги нуди Рамковната програма 7 на Европската Унија".

 

 

Обуката беше во организација на проектот: "Јакнење на претприемништвото, конкурентноста и иноваторството", финансирано од Британската Амбасада. Обуката беше изведена од Проф. д-р Владимир Какуринов, Национално контакт лице за квалитет и безбедност на храна за Рамковната Програма 6, и М-р Снежана Какуринова, експерт за финансии и буџетирање во проекти на Европската Комисија. Основна цел на обуката беше да се дадат потребни информации за изработка на предлог-проект преку РП7, начинот на раководење, мониторинг и евалуација на проекти, како да се најдат партнери, како се изработува буџет, итн.