Одржан првиот европски конгрес за храна

 

Во Љубљана, Словенија, од 4-9 ноември, 2008 година, во организација на Европската Федерација за наука и технологија за храна (EFFoST), беше одржан Првиот европски конгрес за храна

Во својство на прв македонски амбасадор за храна, на основачкиот Комитет на Конгресот, свое излагање имаше Проф. д-р Владимир Какуринов од Факултетот за земјоделски науки и храна од Скопје.

Пред европските и светски експерти, како уредник и прв автор, Какуринов го претстави македонскиот Речник за поими и изрази за квалитет и безбедност на храната, прво дело од ваков вид во Европа. На Првиот конгрес за храна во Љубљана се говореше за прехранбената политика во Европа и пошироко, новите технологии за производство и дистрибуција на храна од нива до трпеза, хигиената како и плановите за иднина на ова поле. На оваа средба на експерти од 44 европски земји, како заклучен документ беше потпишана Европската Декларација за квалитет и безбедност на храна.