Обука за искористување на европски фондови

 

Во хотелот Овче Поле во Свети Николе, од 20 до 22 декември, 2008 година, во организација на Институтот отворено општество, во рамките на проектот "Подобро искористување на Европските Фондови", Консалтинг и тренинг центар КЛУЧ одржа обука на тема: "Како да ги претворите своите идеи во Европски проекти?".

На обуката учествуваа претставници од општините: Св.Николе, Делчево и Штип, како и претставници на ФОРОП и Институт Отворено Општество.

Основна цел на обуката беше да се дадат потребни информации за изработка на предлог-проект преку РП7, начинот на раководење, мониторинг и евалуација на проекти, како да се најдат партнери, како се изработува буџет итн. Обуката беше изведена од Проф. д-р Владимир Какуринов, Национално контакт лице за квалитет и безбедност на храна за Рамковната Програма 6, и М-р Снежана Какуринова, експерт за финансии и буџетирање во проекти на Европската Комисија. Обуката помина во одлична атмосфера каде обукантите земаа активно учество.