Информативна средба за HACCP во Прилеп

 

Втора информативна средба во организација на Консалтинг и тренинг центар КЛУЧ, беше одржана на 02 октомври, 2009 година, во хотелот Кристал Палас, во Прилеп.

На средбата беа присутни 50-тина стопанственици, сопственици на ресторани, слаткарници, хотели, месарници, колонијални продавници, стоваришта, пекари, сендвичари, млинови и производители на храна.
 
 
Свое излагање имаше Проф.д-р Владимир Какуринов, долгогодишен HACCP експерт, професор на Факултетот за земјоделски науки и храна од Скопје. На прашањата одговараше и Проф. д-р Биљана Петановска Илиевска од истиот факултет.Присутните активно учествуваа во дискусиите и дадоа позитивни коментари за организираната средба, со барање вакви бесплатни информативни срдеби да се одржуваат и во иднина.