Информативна средба за HACCP во Струмица

 

 

На 31 октомври, 2009 година, во Хотелот Сириус во Струмица, во организација на Консалтинг и тренинг центар КЛУЧ, се одржа БЕСПЛАТНА информативна средба на тема: Дали, како и зошто HACCP?

На средбата присуствуваа 29 претставници од локални фирми кои произведуваат, дистрибуираат, продаваат и складираат храна и пијалоци. На бројните поставени прашања одговараа презентерите на настанот:

 

 

Проф. д-р Владимир Какуринов и Проф. д-р Билјана Петановска Илиевска, од Факултетот за земјоделски науки и храна. Средбата беше оценета како исклучително информативна и корисна. Истата беше проследена од локалната телевизија ВИС.