Македонска регионална секција на EHEDG

 
На 15 октомври, 2009 година, на Факултетот за зејоделски науки и храна во Скопје, во организација на Консалтинг и тренинг центар КЛУЧ, беше одржано свечено отварање на Македонската Регионална Секција на EHEDG.

European Hygienic Engeneering Design Group (EHEDG) е конзорциум на производители на опрема, прехранбена индустрија, истражувачки и јавни организации од областа на храна.

 

Нејзината цел е да го промовира производството на безбедна храна. Оваа организација активно помага во изготвување на Европската легислатива и ја ужива целосната поддршка на Европската Комисија (http://www.ehedg.org/). Настанот го водеше Проф. д-р Владимир Какуринов, Претседател на Македонската регионална секција на EHEDG, а го отвори г-динот Hub Lilieveld, почесен Претседател и член на Извршниот одбор на EHEDG.