Годишен состанок на EHEDG во Будимпешта

 

На 10 ноември, 2009 година, во хотелот Мериот во Будимпешта, се одржа годишна средба на претседателите на регионалните секции и под-групи на EHEDG.

На средбата се дискутираше за досегашните и идни активности на EHEDG на секоја регионална секција посебно.

 

Проф. д-р Владимир Какуринов, во својство на претседател,  го претстави отварањето на македонската регионална секција на EHEDG, кое се оржа на 15 октомври, 2009 година во Скопје, како и идните планови за 2010 година.Претседателот на EHEDG Knuth Lorenzen го оцени отварањето на македонската регионална секција како убедливо најдобро од сите отварања на регионални секции.

Македонската секција беше единствена што имаше претставник од прехрамбената индустрија, г-ѓата Анриета Наумовска. Како знак за успешна работа, што претставува особена чест за Република Македонија, на состанокот беше донесена одлука EHEDG да формира работна група за пекарска индустрија, а за претседател на таа работна група ја назначи г-ѓата Наумовска.