Искористување на фондови од Рамковната програма 7

 

ШТО Е РАМКОВНА ПРОГРАМА 7?

Од 1984 година Европската Унија ја поддржува и зајакнува својата научно-истражувачка заедница преку  Рамковните Програми (Framework Programmes - FP). Најновата серија  е Рамковната Програма 7, со времетраење од 7 години (од 2007 до 2013) и вкупен предвиден буџет од 73 милијарди евра. 

ОБЛАСТИ:

Во Рамковната Програма 7 постојат 4 главни програми:

  • СОРАБОТКА - меѓународна соработка, поврзување и координација на истражувачки проекти
  • ИДЕИ - подобрување на динамичноста, креативноста и извонредноста на истражувањата (инженерство, социо-економски науки и хуманитарни науки)
  • ЛУЃЕ - квантитативно и квалитативно зајакнување на човечките ресурси во истражување и развој на нови технологии
  • КАПАЦИТЕТИ - јакнење на истражувачката инфраструктура корисна за малите и средни претпријатија (МСП)

Ние можеме да Ви понудиме помош во:
  • Информирање за цели, структура, работни програми и повици во РП 7
  • Изнаоѓање идејно решение за проект
  • Собирање информации за секоја тема
  • Барање партнер и формирање на конзорциум
  • Пишување на предлог-проект
  • Изработка на буџет според дозволената финансиска големина на проектот
  • Евалуација на проекти
  • Преговарање и потпишување на договор за грант.

За подетални информации слободно контактирајте не на прилозениот формулар.