ПРОМОВИРАНА БРОШУРА ЗА HACCP

 

Во организација на Агенцијата за поддршка на претприемништвото во Република Македонија (АППРМ) и проектот "Зајакнување на претприемништвото, конкрентноста и иноваторството", финасиран од Британската Амбасада, на 1о март, 2009 година, беше промовирана брошура за HACCP.

Автор на брошурата е Проф. д-р Владимир Какуринов, од Факултетот за земјоделски науки и храна, при Универзитетот "Св.Кирил и Методиј", во Скопје. Настанот го отвори г-ѓата Вахида Регепагиќ, директор на АППРМ, а на присутните се обрати и Деканот на факултетот за земјоделски науки и храна, Проф. д-р Драги Димитриевски.

 

Оваа брошура има за цел да ги информира МСП од секторот за производство и дистрибуција на храна, за нопходноста и позитивните страни од воведување на HACCP системот.