Обука за еколошки дозволи и елаборати

 

Од 16 - 19 јуни, 2010 година во Скопје и во Прилеп беше одржана Обука за изработка на еколошки дозволи и елаборати. Обуката ја посетуваа локалните координатори на МААСП 2.

Обуката ја спроведе Наталија Ацеска, експерт по екологија, со положен испит и добиена лиценца за експерт за оцена на влијание на објект врз животна средина од Министерството за животна средина и просторно планирање.

За време на обуката преку теоретска настава и вежби на терен, учесниците изработуваа ИСКЗ, ОВЖС елаборати и ОВЖС студии и дискутираа за различните фази на нивната изработка и воведување.

 

По завршувањето на обуката учесниците се здобија со сертификат за завршена обука за изработка на еколошки елаборати за оценка на влијание на објекти врз животна средина и интегрирани дозволи.