Прирачник за заштита на традиционални производи

На 19 мај, 2010 година, во Хотел Континетал, во организација на МААСП 2, беше одржана промоција на Прирачникот за заштита на традиционални производи, чиј автор е Проф. д-р Владимир Какуринов.

Овој прирачник е финансиран од Шведската агенција за меѓународен развој и соработка (SIDA) и претставува придонес кон руралниот развој.

Изработен е за да им се помогне на производителите на традиционални производи да можат да ги заштитат истите и полесно да ги пласираат на домашниот и странските пазари, а при тоа да можат да ја користат и државната помош (субвенции) за таа цел.

Прирачникот е наменет и за потрошувачите со цел да дознаат кои се вистинските македонски традиционални производи и кои од нив се заштитени и регистрирани.