Обука за неопходни услови при воведување на HACCP

 

Во организација на Консалтинг и тренинг центар КЛУЧ, а финансирано од Шведската агенција за меѓународен развој и соработка (SIDA) преку проектот МААСП 2, во Куманово и Скопје, беше одржана Обука за неопходните услови при воведување на HACCP.

На обуката присуствуваа локалните координатори на МААСП.

Тие имаа можност преку теоретска настава, но и практична работа на терен да се запознаат со постапката за оценка на неопходните предуслови при воведување на овој систем за безбедност на храна.

Секој обукант доби Прирачник за неопходните услови при воведување на HACCP чиј авторот е Проф. д-р Владимир Какуринов, кој исто така ја спроведе и обуката.