1 инфо средба на Македонска регионална секција на EHEDG

 

На 29 април, 2010 година, Консалтинг и тренинг центар КЛУЧ во соработка со Стопанската комора на Македонија, ja организирашe ПРВАТА ИНФОРМАТИВНА СРЕДБА на Македонската регионална  секција на EHEDG. Станува збор за највлијателната европска мрежа од областа на безбедност на храна. 

На информативната средба присуствуваа преку 80 гости, производители на храна и опрема за прехранбена индустрија, претставници на научни и истражувачки институции, министерства, дирекција за храна, инспекции  и други.

 

 

Настанот го водеше претседателот на Mакедонската регионална секција, Проф. д-р Владимир Какуринов. Поздравен говор имаше и г-ѓата Стојмирка Тасевска, од Стопанската комора. Свои презентации одржаа двајцата високи претставници на EHEDG, г-динот Huub Lelieveld, почесен претседател на EHEDG и г-динот Piet Steenaard, одговорен за финансии во EHEDG.

Настанот беше проследен од повеќето национални, електронски и печатени медиуми. Присутните покажаа интерес за членство во Македонската регионална секција на EHEDG.

Подетални информации околу процедурата на зачленување можат да се добија во просториите на Консалтинг и тренинг центар КЛУЧ. Во тек е превод на дел од прирачниците на оваа организација, на македонски јазик, кои ќе бидат промовирани во наредниот период на три регионални средби низ републиката.