Цели, задачи и опсег на работа

 

ОСНОВНА ЦЕЛ

Основна цел на EHЕDG е да ја промовира безбедноста на храната преку унапредување на хигиенското инженерство и дизајн во сите аспекти на производство на храна.

ГЛАВНИ ЗАДАЧИ

EHЕDG обезбедува практично управување со хигиенско инженерство од аспект на производство на безбедна и квалитетна храна. Основан во 1989 година, претставува конзорциоум на производители на опрема, производители на прехрамбени производи, истражувачи и едукативни институции како и авторитети од јавното здравство чија цел е да се промовира хигиена храна во текот на производството и пакувањето.

EHEDG активно ја поддржува Европската легислатива според чии барања ракувањето, подготовката, преработката и пакувањето на храна мора да се изведуваат хигиенски, со употреба на хигиенска машинерија и хигиенски простории (EC Directive 98/37/EC, EN 1672-2 i EN ISO 14159).

ОПСЕГ НА РАБОТА

EHЕDG се фокусира на хигиенското инженерство во производството на храна, а особено на:

  • Дизајн на опремата и објектите и чистливоста
  • Поставување на опрема и објекти
  • Индустриски услуги, опрема и материјали
  • Одржување на опремата и објектите.

АКТИВНОСТИ

До сега, експертите  во подгрупите на EHEDG изработиле и објавиле скоро 40 прирачници кои редовно се ажурираат. Во меѓувреме оваа серија прирачници се збогатува со нови наслови и теми. EHEDG прирачниците имаат посебна вредност за корисниците затоа што:

  • претставува збир на знаењата на експертите
  • теоријата ја преточуваат во практика, дополнета со практично ориентирани тренинг модули
  • се преведени на различни јазици и се користат во целиот свет.