Основни активности

 

ПРИРАЧНИЦИ

Развојот на прирачници е обврска на работните групи распределени во следните 4 кластери:

  • Опрема и компоненти
  • Принципи
  • Преработка, услуги и материјали
  • Тренинг и едукација.

До сега, експертите  во подгрупите на EHEDG изработиле и објавиле скоро 40 прирачници кои редовно се ажурираат. Во меѓувреме оваа серија прирачници се збогатува со нови наслови и теми. EHEDG прирачниците имаат посебна вредност за корисниците затоа што:

  • претставува збир на знаењата на експертите
  • теоријата ја преточуваат во практика, дополнета со практично ориентирани тренинг модули
  • се преведени на различни јазици и се користат во целиот свет

КОНФЕРЕНЦИИ, РЕГИОНАЛНИ СОСТАНОЦИ, РАБОТИЛНИЦИ И ОБУКИ

Сите овие настани се всушност места за средби на сите членови на EHEDG со претставници на индустријата и владите од многу земји, особено во поглед на хигиенското инженерство.

Секогаш кога е можно се организираат работилници и бизнис средби заради:

  • дисеминација на прирачниците
  • размена и вмрежување
  • подобрување на квалитетот на обуките

ТРЕНИНГ ПРОГРАМИ

EHEDG обуките се специјално дизајнирани за тренери во прехранбената индустрија кои сакаат да се здобијат со продлабочени знаења за хигиенскиот инженеринг и дизајн, како и нивната примена. Тие се релевантни за технолозите, персоналот одговорен за обезбедување квалитет, како и за инженерите кои работат на развој и продажба на опрема. Тренинзите имаат баланс помеѓу теоретскиот и практичниот дел, а во основа представуваат употреба на  EHEDG Trainer's Toolbox. Произведени со помош на Европската унија, овие учебни помагала вклучуваат најмодерни инженерски апликации,  надополнети со: слики, цртежи, анимации и видеа.


СЕРТИФИКАЦИЈА НА ОПРЕМА И ПРОИЗВОДИ/КОМПОНЕНТИ

EHEDG може да одобри употреба на сертификациско лого на опремата или производите што се во сообразност со критериумите на EHEDG.

Сертификација на производители и набавувачи на опрема,  како и  производители на храна вршат институциите овластени од страна на EHEDG на следниот начин:

  • Преку одобрување на опремата на производителите и набавувачите на истата во согласност со критериумите на EHEDG, кое во определени случаи може да биде дадено само по тестирање во лаборатории акредитирани од тело за нотификација, со употреба на EHEDG тест методи
  • Преку набавка на хигиенски дизајнирана опрема од страна на производителите на храна, од набавувачи кои ќе мора да извршат валидација дека таа опрема е соодветна за предвидената намена

За да се аплицира за евалуација и/или тестирање на опремата или производите за сертификација, треба да се контактира со некоја од овластените институции на EHEDG. Адресите на овие организации и листата на сертифицирани продукти/компоненти се објавени на веб страната: www.ehedg.org.