КАКО И ЗОШТО ДА СТАНЕТЕ ЧЛЕН?

 

КОЈ МОЖЕ ДА БИДЕ ЧЛЕН НА EHEDG?

  • Компании за производство на храна
  • Компании за производство на опрема за прехранбена индустрија
  • Компании за инженерски услуги
  • Научни и истражувачки организации
  • Авторитети од областа на здравството
  • Индивидуалци

ЧЛЕНСТВО НА КОМПАНИИ И ИНСТИТУЦИИ

Членството на компаниите и институциите е од суштинско значење за EHEDG да ја постигне својата долгорочна цел, превенција на проблемите со хигиената на храната преку примена на хигиенски инженеринг. Овие компании и организации се посветени на достигнување на највисоките стандарди за безбедност на храна и се стремат да го подобрат имиџот на индустријата во очите на потрошувачите.  Со вмрежувањето во рамките на EHEDG, тие можат да вршат промоција на сопствените гледишта, да влијаат на трендовите и да се здобијат со меѓународна препознатливост. 

ГОДИШНА ЧЛАНАРИНА

500 - 10.000 евра (без ДДВ) во зависност од вкупниот обрт на компанијата.

ПРИДОБИВКИ ОД ЧЛЕНСТВОТО

  • Комплетен сет на EHEDG прирачници
  • Учество во работата на подгрупите за изработка на EHEDG прирачници кои се основа за донесување на европски регулативи во соодветните области
  • Бесплатно членство (1 до 4 вработени, во зависност од придонесот на компанијата)
  • Употреба на EHEDG логото под договорени услови
  • Објавување на логото и името на компанијата на веб страна на EHEDG, програми на конференции, брошури и др.
  • Хиперлинк до веб страната на EHEDG
  • Попуст или бесплатна регистрација на конференции спонзорирани од EHEDG
  • Пристап на тренинзи
  • Попуст при набавка или бесплатен EHEDG  Trainer's Toolbox (зависно од придонесот)

ИНДИВИДУАЛНО ЧЛЕНСТВО

Активните членови на EHEDG се ангажираат за да дадат свој придонес на целите на EHEDG така што стануваат дел од работна група на експерти при развој и пишување на прирачници. Придружните членови на овие работни групи добиваат записници од состаноците на работните групи и ја следат нивната работа. Членовите имаат опција да се приклучат во работата на регионалните секции. 

ГОДИШНА ЧЛАНАРИНА

100 евра без ДДВ.

ДРУГИ ПРИДОБИКИ ОД ЧЛЕНСТВОТО

  • Попуст на цените на прирачниците на EHEDG (за придружните членови)
  • Учество во работата на подгрупите за изработка на EHEDG прирачници кои се основа за донесување на европски регулативи во соодветните области
  • Бесплатни примероци на одредени прирачници (за членовите на работните групи кои се ко-автори на прирачниците)
  • Попуст за одредени публикации
  • Попуст за регистрација на конференции, семинари и тренинзи
  • Бесплатни копии на EHEDG извештаи и годишници
  • Вмрежување со други членови со заеднички интереси