АКТИВНОСТИ на Македонска регионална секција

ПЕТТА ИНФО СРЕДБА НА МАКЕДОНСКАТА РЕГИОНАЛНА СЕКЦИЈА НА EHEDG

На 17 декември, 2010 година во салата на Општина Куманово, во организација на Консалтинг и тренинг центар КЛУЧ од Скопје,  беше одржана петтата информативна средба на Македонската регионална секција на EHEDG.

На средбата беа објаснети целите на оваа меѓународна организација како и придобивките од членството во истата. Сите присутни беа информирани за претстојниот Светски конгрес на EHEDG за хигиенско инженерство и дизајн 2011, кој ќе се одржи во Охрид, од 21 - 25 септември, 2011 година. 

На средбата присуствуваа претставници на пекарската индустрија, млекопроизводители, преработувачи на млеко, претставници од невладини организации, локални претставници на министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и др.

Настанот беше покриен од локалната телевизија ТВ НОВА.

 


ЧЕТВРТА ИНФО СРЕДБА НА МАКЕДОНСКАТА РЕГИОНАЛНА СЕКЦИЈА НА EHEDG

На 11 ноември, 2010 година во салата на општина Свети Николе, со поддршка на Бизнис центарот при општината, а во организација на Консалтинг и тренинг центар КЛУЧ од Скопје,  беше одржана четвртата информативна средба на Македонската регионална секција на EHEDG.

На средбата присуствуваа претставници на пекарската индустрија, призводители на сточна храна, пчеларство, млекопроизводители, преработувачи на млеко, произведувачи на зачини, претставници од невладини организации, локални претставници на министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и др.

На средбата беа објаснети целите на оваа меѓународна организација како и придобивките од членството во истата.

Присутните беа информирани за престојниот светски Конгрес  на EHEDG кој ќе се одржи во Охрид од 21 - 25 септември, 2011. 

Настанот беше покриен од локалната телевизија ТВ СВЕТ.


Учество на EHEDG Конгрес во Санкт Петерсбург

 

На о4 и о5 октомври, 2010 година, се одржа EHEDG Конгрес за хигиенски инженеринг и дизајн. Организиран во соработка со RUSFoST,  на овој конгрес присуствуваа претседателите на регионалните секции од 30 земји во светот како и претставници од компаниите за производство на храна и опрема за производство на храна од Санкт Петерсбург и останатите делови од Русија.

Програмата на Конгресот се фокусираше на последните достигнувања во областа на иновативни технологии, безбедност на храна, изработка и дизајнирање на опрема за храна, како и нови трендови во индустријата за храна.

 

На Конгресот свое излагање имаше Проф. д-р Владимир Какуринов во својство на Претседател на Македонската Регионална Секција на  EHEDG.

Поради исклучителен ангажман и реализирање на сите планирани активности во првата година од работењето, на Македонската Регионална Секција и припадна честа Првиот Светски Конгрес на EHEDG да се одржи во Македонија, во градот Охрид - хотел Гранит, од 21 до 25 септември 2011 година.


ТРЕТА ИНФО СРЕДБА НА МАКЕДОНСКАТА РЕГИОНАЛНА СЕКЦИЈА НА EHEDG

Во просториите на Општина ТЕТОВО, во Одделението за локален економски развој, на 22 септември, 2010 година се одржа третата по ред Информативна средба на Македонската регионална секција на EHEDG.

На средбата беа поканети компании кои произведуваат храна или опрема за храна, истражувачки институции, инспекторати и индивидуалци од Полошкиот плански регион. 

 

Средбата ја отвори претседателот на Македонската регионална секција Проф. д-р Владимир Какуринов кој на присутните им ги претстави завршените активности во изминатиот период. 

Нешто повеќе за начинот на зачленување и придобивките од членството во оваа организација присутните  можеа да слушнат од презентацијата на М-р Снежана Какуринова, извршен директор на Консалтинг и тренинг центар КЛУЧ.

Присутните имаа можност да поставуваат прашања. Дискусиите беа продолжени во неформална атмосфера за време на коктелот. 

Настанот беше покриен од локалните телевизии КИС и Коха


ВТОРА ИНФО СРЕДБА НА МАКЕДОНСКАТА РЕГИОНАЛНА СЕКЦИЈА НА EHEDG

 

На 21 септември, 2010 година во салата на Општина Штип се одржа Втората информативна средба на Македонската регионална секција на EHEDG.

Настанот беше организиран во соработка со Општина Штип и Центарот за развој на источниот плански регион. На настанот беа поканети и присуствуваа стопански субјекти, институции и индивидуалци од целиот источен регион.

 

Со поздравен говор се обрати директорот на Центарот за развој на источниот плански регион, г-ѓата Драгица Здравевска.

Потоа следеше презентација на претседателот на Македонската регионална секција на  EHEDG, проф. д-р Владимир Какуринов кој зборуваше за досегашните активности на секцијата.

На присутните со презентација за начинот на зачленување во оваа организација им се обрати извршниот директорот на Консалтинг и тренинг центар КЛУЧ, М-р Снежана Какуринова

Настанот го одбележаа националните и локални телевизии и радија: ТВ Ирис, ТВ Стар, Канал 77, Радио Штип, А1, Канал 5 и МИА.


ПРВА ИНФО СРЕДБА НА МАКЕДОНСКАТА РЕГИОНАЛНА СЕКЦИЈА НА EHEDG

 
 
На 29 април, 2010 година, Консалтинг и тренинг центар КЛУЧ во соработка со Стопанската комора на Македонија, ja организирашe ПРВАТА ИНФОРМАТИВНА СРЕДБА на Македонската регионална  секција на EHEDG.
 
Станува збор за највлијателната европска мрежа од областа на безбедност на храна. 
 

 

На информативната средба присуствуваа преку 80 гости, производители на храна и опрема за прехранбена индустрија, претставници на научни и истражувачки институции, министерства, дирекција за храна, инспекции  и други.

Настанот го водеше претседателот на Mакедонската регионална секција, Проф. д-р Владимир Какуринов. Поздравен говор имаше и г-ѓата Стојмирка Тасевска, од Стопанската комора. Свои презентации одржаа двајцата високи претставници на EHEDG, г-динот Huub Lelieveld, почесен претседател на EHEDG и г-динот Piet Steenaard, одговорен за финансии во EHEDG.

Настанот беше проследен од повеќето национални, електронски и печатени медиуми. Присутните покажаа голем интерес за членство во Македонската регионална секција на EHEDG.


ОТВАРАЊЕ НА МАКЕДОНСКАТА РЕГИОНАЛНА СЕКЦИЈА НА EHEDG

 

На 15 октомври, 2009 година, на Факултетот за зеmјоделски науки и храна во Скопје, во организација на Консалтинг и тренинг центар КЛУЧ, беше одржано свечено отварање на Македонската Регионална Секција на EHEDG.

 

Настанот го водеше Проф. д-р Владимир Какуринов, Претседател на Македонската регионална секција на EHEDG, а го отвори г-динот Hub Lilieveld, почесен Претседател и член на Извршниот одбор на EHEDG.