Прирачник и водич за воведување, одржување, надградба, инспекција и сертификација на HACCP

Прирачникот е наменет за:

  1. Сите што сакаат САМИ ДА ВОВЕДАТ HACCP (АОККТ)
  2. Сите што вовеле HACCP и сакаат да го НАДГРАДАТ И МОДИФИЦИРААТ СИСТЕМОТ
  3. Индивидуални консултанти и консултантски куќи
  4. Индивидуални инспектори и инспекциски тела
  5. Сите што сакаат да дознаат повеќе за HACCP

Во Прирачникот едноставно и  јасно се наведени сите последователни стапки за воведување НАССР, односно:

  • Составување на HACCP тим
  • Опис на готов производ и идентификација на неговата намена
  • Опис на суровини и влезен материјал
  • Дијаграм на текот на производниот процес (со дијаграм на објектот и движењето на вработените)
  • Листа на потенцијални опасности (биолошки, хемиски и физички) и анализа на опасноста
  • Определување на критични контролни точки
  • Утврдување на критични ограничувања
  • Утврдување систем за мониторинг
  • Корективни акции
  • Процедури за верификација
  • Документација и чување записи

Овој прирачник веќе со години се користи како водач при обуките на HACCP тимовите во различни прехранбени објекти и претпријатија во Република Македонија и претставува значајна литература за индивидуални консултанти што работат на воведување HACCP.

Прирачникот заради својата значајност е преведен на српски јазик и се користи и во Србија и Црна Гора.

(види слика долу)