Прирачник за Рамковната програма 7: Како да ги претворите своите идеи во европски проекти?

Основната цел на овој прирачник е да го зголеми учеството на македонските:

  • Истражувачи (универзитети, истражувачки центри итн)
  • Владини организации (министерства, агенции, локални самоуправи)
  • Невладини организации (здруженија, фондации, консултантски куќи)
  • Приватни претпријатија и
  • Индивидуалци во Рамковната програма 7 (РП 7) на Европската Комисија.

Во прирачникот се содржат сите информации за пишување проект во РП 7. Содржината е напишана на едноставен и лесно прифатлив јазик кој одговара на потребите на наведните корисници. Тој може да се  користи за: пишување проекти, индивидуални обуки, проширување на капацитетите, зголемување на извозот, конкурентноста итн.

Во прирачникот има 3 глави:

Глава 1. Претставување на петте најинтересни подпрограми на РП 7

Глава 2. Генерален преглед на целата РП 7, механизмот и основните чекори во проектите, изворите на информации, потенцијалните учесници и стапките на финансирање.

Глава 3. Информации и совети за успех за секоја фаза на проектниот циклус, од почетокот до крајот на проектот.