Обука за Рамковна програма 7

Обука: Изработка на предлог проект-Рамковна програма 7

 

На 19 и 20 август, 2010 година во просториите на Консалтинг и тренинг центар КЛУЧ се одржа обука на тема Како да ги претворите своите идеи во европски проекти - Изработка на предлог проект - Рамковна програма 7.

 

ШТО Е РАМКОВНА ПРОГРАМА 7?

Од 1984 година Европската Унија ја поддржува и зајакнува својата научно-истражувачка заедница преку  Рамковните Програми (Framework Programmes - FP). Најновата серија  е Рамковната Програма 7, со времетраење од 7 години (од 2007 до 2013) и вкупен предвиден буџет од 73 милијарди евра.

 

СОДРЖИНА И ЦЕЛИ НА ОБУКАТА: 

Како основа за оваа обука се користени: Community Research and Development Information Service (CORDIS), Seventh Framework Programme Service (2007 - 2013) and European Research Area Service. Обуката нуди:

  • Информирање за цели, структура, работни програми и повици во РП 7
  • Изнаоѓање идејно решение за проект
  • Собирање информации за секоја тема
  • Барање партнер и формирање на конзорциум
  • Пишување на предлог-проект
  • Изработка на буџет според дозволената финансиска големина на проектот
  • Евалуација на проекти
  • Преговарање и потпишување на договор за грант

ТРЕНЕРИ:

Обуката ја спроведуваат:

  • Проф. д-р Владимир Какуринов, координатор во 3 проекти од Рамковните програми, Национално контакт лице (NCP) во Рамковните програми 6 (FP6) за Квалитет и безбедност на храната.
  • М-р Снежана Какуринова, предходно искуство во финансии и администрација на 3 проекти финансирани од Европската агенција за реконструкција (ЕАР).