2 ИНФО средба на Македонската регионална секција на EHEDG

ВТОРА ИНФО СРЕДБА НА МАКЕДОНСКАТА РЕГИОНАЛНА СЕКЦИЈА НА EHEDG

 

На 21 септември, 2010 година во салата на Општина Штип се одржа Втората информативна средба на Македонската регионална секција на EHEDG.

Настанот беше организиран во соработка со Општина Штип и Центарот за развој на источниот плански регион. На настанот беа поканети и присуствуваа стопански субјекти, институции и индивидуалци од целиот источен регион.

 

Со поздравен говор се обрати директорот на Центарот за развој на источниот плански регион, г-ѓата Драгица Здравевска.

Потоа следеше презентација на претседателот на Македонската регионална секција на  EHEDG, проф. д-р Владимир Какуринов кој зборуваше за досегашните активности на секцијата.

На присутните со презентација за начинот на зачленување во оваа организација им се обрати извршниот директорот на Консалтинг и тренинг центар КЛУЧ, М-р Снежана Какуринова

Настанот го одбележаа националните и локални телевизии и радија: ТВ Ирис, ТВ Стар, Канал 77, Радио Штип, А1, Канал 5 и МИА.