Конгрес на EHEDG во Санкт Петерсбург - Русија

Одржан EHEDG Конгрес во Санкт Петерсбург

На о4 и о5 октомври, 2010 година, се одржа EHEDG Конгрес за хигиенски инженеринг и дизајн. Организиран во соработка со RUSFoST,  на овој конгрес присуствуваа претседателите на регионалните секции од 30 земји во светот како и претставници од компаниите за производство на храна и опрема за производство на храна од Санкт Петерсбург и останатите делови од Русија.

Програмата на Конгресот се фокусираше на последните достигнувања во областа на иновативни технологии, безбедност на храна, изработка и дизајнирање на опрема за храна, како и нови трендови во индустријата за храна.

На Конгресот свое излагање имаше Проф. д-р Владимир Какуринов во својство на Претседател на Македонската Регионална Секција на  EHEDG.

 

Поради исклучителен ангажман и реализирање на сите планирани активности во првата година од работењето, на Македонската Регионална Секција и припадна честа Првиот Светски Конгрес на EHEDG да се одржи во Македонија, во градот Охрид - хотел Гранит, од 21 до 25 септември 2011 година.