4 ИНФО СРЕДБА НА МАКЕДОНСКАТА РЕГИОНАЛНА СЕКЦИЈА НА EHEDG

ЧЕТВРТА ИНФО СРЕДБА НА МАКЕДОНСКАТА РЕГИОНАЛНА СЕКЦИЈА НА EHEDG

 

На 11 ноември, 2010 година во салата на општина Свети Николе, со поддршка на Бизнис центарот при општината, а во организација на Консалтинг и тренинг центар КЛУЧ од Скопје,  беше одржана четвртата информативна средба на Македонската регионална секција на EHEDG.

На средбата присуствуваа претставници на пекарската индустрија, призводители на сточна храна, пчеларство, млекопроизводители, преработувачи на млеко, произведувачи на зачини, претставници од невладини организации, локални претставници на министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и др.

 

На средбата беа објаснети целите на оваа меѓународна организација како и придобивките од членството во истата

Присутните беа информирани за престојниот светски Конгрес  на EHEDG кој ќе се одржи во Охрид од 21 - 25 септември, 2011. 

Настанот беше покриен од локалната телевизија ТВ СВЕТ.