Промоција на Прирачник за квалитет на земјоделски производи

Промоција на Прирачник за квалитет на земјоделски производи

 

Во Хотел Карпош, во Скопје, на 22 ноември, 2010, во организација на проектот МААСП, финансиран од Шведската агенција за мегународен развој и соработка, СИДА, се одржа промоцијата на Прирачникот за начините на уредување на квалитетот на земјоделски производи и нивни преработки.

На настанот присуствуваа претставници од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопансто, професоти од Факултетот за земјоделски науки и храна, како и од Институтот за сточарство, претставници на консултантски куќи кои работат во областа на квалитетна и безбедна храна и останати гости.

 

Автор на овој прирачник е проф. д-р Владимир Какуринов, професор на Факултетот за земјоделски науки и храна од Скопје.

Целта на овој прирачник е да даде основа за донесување на закони за регулирање на квалитетот на земјоделските производи, кои се предвидени во Стратегијата за земјоделство и рурален развој за период од 2007-2013 година. Со овие закони треба целосно да се уреди областа на квалитет на земјоделски производи и нивните преработки, како и да се уредат пазарите на истите, со тоа што нивните одредби мораат да се базираат на сличните и/или истите закони донесени во Европа и светот.  

Прирачникот беше промовиран и пред пошироката македонска јавност во утринската контактната емисија Раноден, на А1 телевизија, со лично гостување на г-динот Какуринов.