Прирачник за квалитет на земјоделски производи

Целта на овој прирачник е да даде основа за донесување на закони за регулирање на квалитетот на земјоделските производи, кои се предвидени во Стратегијата за земјоделство и рурален развој за период од 2007-2013 година. Со овие закони треба целосно да се уреди областа на квалитет на земјоделски производи и нивните преработки, како и да се уредат пазарите на истите, со тоа што нивните одредби мораат да се базираат на сличните и/или истите закони донесени во Европа и светот.  

Прирачникот е составен од следниве поглавија:

  • Дефинирање на поимите
  • Политики и спогодби за финансиска поддршка на квалитетот на земјоделските производи и преработките на СТО и ЕУ
  • ЕУ регулативи и квалитет на земјоделски производи и нивни преработки
  • Легислатива на ЕУ за државна помош и производи квалификувани за државна помош
  • Закони и тип на државна помош за квалитет на земјоделски производи и нивни преработки во Република Македонија