5 EHEDG Инфо Средба во Куманово

5 ИНФО СРЕДБА НА МАКЕДОНСКАТА РЕГИОНАЛНА СЕКЦИЈА НА EHEDG

На 17 декември, 2010 година во салата на Општина Куманово, во организација на Консалтинг и тренинг центар КЛУЧ од Скопје,  беше одржана петтата информативна средба на Македонската регионална секција на EHEDG.

На средбата беа објаснети целите на оваа меѓународна организација како и придобивките од членството во истата. Сите присутни беа информирани за претстојниот Светски конгрес на EHEDG за хигиенско инженерство и дизајн 2011, кој ќе се одржи во Охрид, од 21 - 25 септември, 2011 година. 

 

На средбата присуствуваа претставници на пекарската индустрија, млекопроизводители, преработувачи на млеко, претставници од невладини организации, локални претставници на министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и др.

Настанот беше покриен од локалната телевизија ТВ НОВА.