6 инфо средба на Македонската регионална секција на EHEDG-Струмица

ШЕСТА ИНФО СРЕДБА НА МАКЕДОНСКАТА РЕГИОНАЛНА СЕКЦИЈА НА EHEDG

 

На 21 јануари, 2011 година, во Струмица беше организирана 6 Инфо-Средба на Македонската регионална секција на EHEDG.

Компании и релевантни организации од целиот југо-источен регион беа поканети, а 29 беа присутни на настанот.

Претседателот на Македонската регионална секција на EHEDG ги информираше присутните за придобивките од членство во оваа меѓународна организација.

 

 Беше најавен и престојниот Светски конгрес кој ќе се одржи во септември, 2011 година во Охрид.

Телевизија ВИС и ИНТЕЛ го покриваа настанот.