7 инфо средба на Македонската регионална секција на EHEDG-Битола

СЕДМА ИНФО СРЕДБА НА МАКЕДОНСКАТА РЕГИОНАЛНА СЕКЦИЈА НА EHEDG

Во Битола во просториите на универзитетската библиотека Св.Климент Охридски, на  21 февруари, 2011 година, беше одржана информативна средба на Македонската Регионална секција на  EHEDG. Компании од индустријата за млеко, како и производители на флаширана вода, производители на сточна храна и професори од Ветеринарниот и Биотехничкиот факултет во Битола беа присутни на средбата. Претседателот на Македонската секција, проф.д-р Владимир Какуринов зборуваше за активностите и резултатите на секциата во првата година од работењето.

Тој ги запозна присутните со престојниот Светски Конгрес на  EHEDG за хигиенско инженерство и дизајн, кој ќе се одржи од 22-24 септември, 2011 година во Охрид. Присутните беа поканети да присуствуваат на овој значаен настан и да ги промовираат своите производи/услуги. Некои од учесниците најавија учество како автори на стручни и научни трудови. На присутните им беше поделен промотивен материјал за Конгресот.