8 инфо средба на Македонската регионална секција на EHEDG-Клуб на новинари

ОСМА ИНФО СРЕДБА НА МАКЕДОНСКАТА РЕГИОНАЛНА СЕКЦИЈА НА EHEDG

Во просториите на Клуб на новинари, беше организирана осмата информативна средба на Македонската регионална секција на EHEDG. Средбата ја отвори Координаторот во Сојузот на Стопански Комори на РМ, г-динот Александар Зарков како ко-организатори на овој настан.

Претседателот на секцијата, проф.д-р. Владимир Какуринов  ги објасни придобивките на македонските компании што би ги имале доколку би членувале во оваа највлијателна меѓународна организација во областа на храната и хигиенскиот дизајн на опрема за производство на храна.

На средбата свое излагање имаше и г-динот Дејан Рунтевски,  директорот на агенцијата за храна и ветеринарство. Тој ја изрази поддшката на оваа агенција  на работата на Македонската регионална секција на EHEDG и ги повика присутните во што поголем број да присуствуваат на Светскиот Конгрес на EHEDG за хигиенско инженерство и дизајн кој ќе се одржи од 22-24 септември, 2011 година во Охрид. Тој го најави своето обраќање на Конгресот како и присуство на уште 10 раководители на сектори и инспектори од Агенцијата.

На средбата присуствуваа претставници од фирми производители на храна и дистрибутери на опрема за храна, независни консултанти кои работат во оваа област, како и медиуми.