9 инфо средба на Македонската регионална секција на EHEDG-Стопанска Комора на РМ

ДЕВЕТА ИНФО СРЕДБА НА МАКЕДОНСКАТА РЕГИОНАЛНА СЕКЦИЈА НА EHEDG

 

На 25 март, 2011 година во просториите на Стопанската Комора на РМ беше одржана информативна средба на Македонската регионална секција на EHEDG. На овој настан, пред членките на Комората, беше промовиран престојниот Светски Конгрес на EHEDG за хигиенско инженерство и дизајн / квалитет и безбедност на храна. Средбата ја отвори г-гата Јадранка Аризанкова, која ја потенцираше важноста на овој настан за македонските стопанственици и поддршката на овој настан од страна на Стопанската Комора на РМ.

 

Претседателот на Македонската секција, проф.д-р Владимир Какуринов, ги запозна фирмите членки со придобивките за претпријатијата кои ги нуди овој Конгрес. Неколку компании веќе најавија свое учество на конгресот, како автори на трудови, изложувачи и спонзори, а некои само како слушатели/учесници.