ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА


11:00 часот - 02 септември, 2011 година

Клуб на новинари

СООПШТЕНИЕ ЗА ПЕЧАТ

Во име на EHEDG International и Македонската регионална секција на EHEDG, Ве информираме дека од 22 до 24 септември, 2011 година, во хотел Гранит во Охрид ќе се одржи Светскиот конгрес на Европската групација за хигиенско инженерство и дизајн (EHEDG) 2011 – МАКЕДОНИЈА.  (www.ehedg.mk).

ЗА КОГО Е НАМЕНЕТ

Конгресот има за цел да ги поврзе на едно место експертите и компаниите и да создаде единствена можност за соработка и размена на идеи меѓу истражувачи, извршни директори, носители на одлуки и експерти од претпријатија кои произведуваат храна и опрема за храна, професионалци од компании кои даваат инженерски услуги како и менаџери за квалитет одговорни за контрола на храната.

Свое учество потврдија претставници од меѓународно познатите компании: UNILEVER, ALFA LAVAL, KRAFT FOODS, STORK, NESTLE, COCA COLA, DIVERSEY, TEТRA PAK, SKF, VAN MEEUWEN, TENSID CHEMIE, J-TECH, JBT, DANFOSS, како и домашните: SWISSLION, КОЖУВЧАНКА, ПЕКАБЕСКО, ЖИТО ПОЛОГ, МЕГА, ЗАВАР, СКОВИН и многу, многу други.

Свои претставници ќе имаат и следните институции: EHEDG INTERNATIONAL, 3-A SANITARY STANDARDS, CAMPDEN BRI, NICKEL INSTITUTE, AINIA, АГЕНЦИЈА ЗА ХРАНА И ВЕТЕРИНАРСТВО, FRENCH AGENCY FOR FOOD, ENVIRONMENTAL AND OCCUPATIONAL HEALTH SAFETY - ANSES, TURKISH FOOD SAFETY ASSOCIATION, ЈАПОНСКО ЗДРУЖЕНИЕ НА ПРОИЗВОДИТЕЛИ НА ОПРЕМА, итн.

Се очекува на конгресот да бидат присутни повеќе од 200 гости од над 35 земји во светот.

ОРГАНИЗАТОРИ

  • EHEDG International (www.ehedg.org)
  • Македонската регионална секција на EHEDG
                Проф. д-р Владимир Какуринов, Претседател
                            + 389 70 688 652; vladimir.kakurinov@key.com.mk
  • Консалтинг и тренинг центар КЛУЧ (www.key.com.mk)                                                             + 389 2 3211 422; contact@key.com.mk

ТЕМИ НА КОНГРЕСОТ

Во две паралелни сесии на 22 и 23 септември, 2011 година ќе се презентираат трудови од претставници на видни високо-образовни и истражувачки институции и експерти од компании од целиот свет, во следниве области:

  • Хигиенски инженеринг и дизајн
  • Квалитет и безбедност на храна и Прехранбена технологија.

75 практично ориентирани научни и стручни трудови одобрени од 32 члениот меѓународен научен комитет ќе бидат објавени во светски препознатливата публикацијата EHEDG JOURNAL.

БРОКЕРСКИ НАСТАН

На 24 септември, 2011 година домашните и странски компании ќе имаат можност да се запознаат со идни клиенти, потенцијални бизнис партнери и експерти од областа.

ИЗЛОЖУВАЧИ И СПОНЗОРИ

Конгресот ќе има изложбен простор на кој спонзорите ќе можат да ги претстават своите производи и услуги. Овој голем настан го поддржуваат следните спонзори: VAN MEEUWEN, Шведска амбасада, TENSID CHEMIE CmbH, SWISSLION, TETRA PAK, DANFOSS, КОЖУВЧАНКА, SCANJET, GEA, SERENDIPITY, SKF и СКОВИН.