СВЕТСКИ КОНГРЕС НА EHEDG ЗА ХИГИЕНСКО ИНЖЕНЕРСТВО И ДИЗАЈН 2011 - МАКЕДОНИЈА

Најголемиот настан оваа година од областа на хигиенско инженерство и квалитет и безбедност на храна кој се одржа во Охрид од 22 - 24 септември, 2011  година успеа да собере вкупно 228 експерти од 31 земја во светот. Светскиот конгрес на EHEDG за хигиенско инженерство и дизајн 2011 - Македонија претставуваше самит не само од областа на хигиенско инженерство и дизајн но исто така и од областите квалитет и безбедност на храна, како и производство и преработки на храна.

Повеќе од 40 презентации дадоа увид во различни полиња на работа од страна на највисоко квалитетни експерти на EHEDG како и претставници на академијата кои им понудија на делегатите два високо информативни денови.  Конгресот се покажа како одлична платформа за вмрежување и размена на идеи, како и деловни состаноци особено на последниот ден резервиран за т.н. "брокерски настан".

Организаторите на овој голем настан Македонската регионална секција (раководена од претседателот Проф.д-р Владимир Какуринов) и EHEDG International беа презадоволни од постигнатиот успех и позитивните реакции кои сеуште пристигнуваат од сите страни на светот, како од членови на EHEDG така и од останатите гости присутни на конгресот.

Вкупно 75 целосни трудови беа објавени во првиот EHEDG Journal. Конгресот беше поддржан од следните спонзори/изложувачи: VAN MEEUWEN, Шведска амбасада, TENSID CHEMIE CmbH, SWISSLION, TETRA PAK, DANFOSS, КОЖУВЧАНКА, SCANJET, GEA, SERENDIPITY, SKF, СКОВИН и КАПИТАЛ.  

На конгресот присуствуваа претставници од меѓународно познатите компании: UNILEVER, ALFA LAVAL, KRAFT FOODS, STORK, NESTLE, COCA COLA, DIVERSEY, TEТRA PAK, SKF, VAN MEEUWEN, TENSID CHEMIE, J-TECH, JBT, DANFOSS, како и домашните: SWISSLION, КОЖУВЧАНКА, ПЕКАБЕСКО, ЖИТО ПОЛОГ, МЕГА, ЗАВАР, СКОВИН и многу, многу други. 

Еден ден по завршувањето на конгресот повеќе од 40 EHEDG Регионални координатори и Раководители на подгрупи ја одржаа годинешната пленарна седница заедно со претставници на Управниот одбор. Тие се информираа меѓусебно за постигнатите активности на локално ниво. На седницата беа присутни и претставници на партнерската организација А-3 од САД. 

Patrick Wouters од Холандската регионална секција беше избран за заменик претседател на EHEDG International, а Andrew Timperley беше награден за неговата дводецениска работа и исклучителен придонес во зголемување на мрежата на експерти.

 Членството на EHEDG во моментов ја достигна бројката од 800 експерти ширум светот, претставници од компании кои произведуваат опрема за храна, производство и преработки од храна, академија, здравство, организации за здрава храна и други институции, од кои 240 членови се вклучени во работата на 16 активни подгрупи. Мрежата е сега проширена во 16 земји од светот каде активно работат 16 регионални секции и уште многу се во процес на основање.

Следниот Конгрес на  EHEDG е најавен за период од 07 - 09 ноември, 2012 година, во Валенција, Шпанија.

Повеќе фотографии од забавниот дел: