БРОКЕРСКИ НАСТАН

БРОКЕРСКИ НАСТАН

Во рамките на Светскиот конгрес на EHEDG за хигиенско инженерство и дизајн 2011 - Македонија се одржа т.н. БРОКЕРСКИ НАСТАН кој се покажа како одлична можност за деловни состаноци меѓу бројни домашни и странски компании од областа на производство на храна и опрема за производство на храна.

Домашните компании: SWISSLION, ТИНК ИНОКС, МАКПРОГРЕС, КОДИНГ, БУЧЕН КОЗЈАК, КОЖУВЧАНКА, ПЕКАБЕСКО,  МЕГА, ЗАВАР, SERENDIPITY, FOOD CONSULTING, FLORES i MILOSHEVSKI CHEM остварија средби со претставници на меѓународно познатите компании: TENSID CHEMIE CmbH, TETRA PAK, DANFOSS,  SCANJET, GEA,  KRAFT FOODS, NESTLE, DIVERSEY, TEТRA PAK,  GIVAUDAN, J-FOOD TECH, JBT, NIEROS,  AINIA, COCKER CONSULTING, TIMPRELY CONSULTING, PELLICONI, SOMMEICA и 3-A.

На овој уникатен настан за Република Македонија се скучија бизнис зделки во висина од повеќе од 10 милиони евра.

Сите учесници го оценија настанот како извонредно полезен и препорачаа вакви средби да бидат овозможени и во иднина.