ИНФОРМАТИВНА СРЕДБА - РАЗВОЈ НА ПРЕТПРИЕМНИЧКА КУЛТУРА ВО МАКЕДОНИЈА

РАЗВОЈ НА ПРЕТПРИЕМНИЧКА КУЛТУРА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

на 18 април, 2011 година во просториите на Домот на културата во Кичево се одржа предавање на тема: Развој на претприемничка култура во Република Македонија. На покана од општината Кичево свое излагање имаше м-р Снежана Какуринова.

По завршувањето на презентацијата учесниците поставуваа прашања за темата и се разви плодна дискусија. Присутните порачаа вакви и слични предавања да се организираат и во иднина со цел да се поттикне претприемништвото во Македонија, особено во помалку развиените градови. На овој начин невработените лица освен да бараат вработување ќе почнат да размислуваат за самовработување како почитувана опција за заработка и удобен живот.