EHEDG Journal & Speakers' Profile

EHEDG Journal of Hygienic Engineering and Design

Journal of Hygienic Engineering and Design е ново и засега единствено списание од областа на хигиенско инженерство и дизајн во светот. Издавач на списанието е Консалтин и тренинг центар КЛУЧ, со полна поддршка на European Hygienic Engineering and Design Group - EHEDG.

Journal of Hygienic Engineering and Design е платформа за издавање на трудови базирани на факти и темелно истражување од сите научни и стручни аспекти за: опрема, хигиенски принципи, услуги, производство на храна, квалитет и безбедност на храна, тренинзи и едукација. Ова е списание со отворен пристап и неговата цел е да открие нови начини и нови решенија, иновации и стучни мислења поставени од највисоките научни стандарди.

 

Првото издание на Journal of Hygienic Engineering and Design се состои од 75 високо квалитетни и практични научни и стручни трудови од 19 земји ширум светот, поточно: Холандија, Германија, Франција, Велика Британија, Данска, Финска, Белгија, Шпанија, Полска, Бугарија, Ирска, Шведска, Македонија, Србија, Хрватска, Црна Гора, Русија, Ерменија и САД. Овие трудови покриваат 3 главни области во однос на прехранбената индустрија: хигиенско инжинерство и дизајн, квалитет и безбедност на храна и производство на храна.

Се надеваме дека EHEDG Journal е само почетокот и дека ова списание ќе стане важен за експерти и научници ширум светот, кои работат во полето за хигиенско инженерство и дизајн, како и за квалитет и безбедност на храна.


EHEDG Speakers’ Profile Book

 

На Првиот EHEDG Светски конгрес на хигиенски инженерство и дизајн  - 2011 беа опфатени 3-те најважни теми за прехранбената и фармацевтската индустрија, односно:

  1. Хигиенски инженеринг и дизајн
  2. Квалитет и безбедност на храна и
  3. Производство и преработки на храна

 

 

За овие 3 теми и многуте нивни под-теми, за Светскиот Конгрес беа приложени 106 научни и стручни трудови од кои само 75 беа избрани да се печатат во Journal of Hygienic Engineering and Design, а само 42 автори беа поканети како избрани говорници за Конгресот. 

Сите поканети говорници се истакнати светски експерти во своите области како  на пример: Dirk Nikoleisky (Kraft Foods), Huub Lelieveld (GHI), Ulf Thiessen (GEA Tuchenhagen), Eric Partington (Nickel Institute), John Holah (Campden BRI), Brigitte Carpentier (ANSES), Власта Пилижота (Универзитет Ј. Ј. Штросмаер), Tracy Schonrock (3-A Sanitary Standards), Hein Timmerman (Diversey Inc), Mark Shamtsyan (Technical University, St. Petersburg) итн.

Со цел учесниците на Конгресот и пошироката јавност да имаат подобар увид за секој од поканетите говорници, беше издадена уникатна EHEDG Speakers’ Profile Book во која покрај деталната програма на Конгресот содржи куса биографија и контакт детали за секој говорник, како и апстракт од темата за која зборува говорникот.