Обука за еколошки дозволи и елаборати

ОБУКА ЗА ИЗРАБОТКА НА ЕКОЛОШКИ ДОЗВОЛИ И ЕЛАБОРАТИ

Во предпразнично расположение на 24 и 25 декември, 2011 година во просториите на Конастинг и тренинг центар КЛУЧ се оджа уште една обука за изработка на еколошки дозволи и елаборати.

Обуката ја спроведуваше нашиот експерт по екологија, со положен испит и добиена лиценца за експерт за оцена на влијание на објект врз животна средина од Министерството за животна средина и просторно планирање, г-ѓата Наталија Ацеска од Прилеп.

Учесниците на оваа обука се здобија со следните знаења:

  • Добивање информации за ИСКЗ-Б интегрирани еколошки дозволи;
  • Водење на процедури за Б интегрирана ИСКЗ дозвола;
  • Објаснување за содржината на барањето за ИСКЗ и ОВЖС елаборат;
  • Главните аспекти во процесот на евалуација на поднесената апликација за ИСКЗ и ОВЖС елаборат;
  • Јавното учество во процесот на добивање Б интегрирана еколошка дозволa, ОВЖС елаборат или ОВЖС студија;
  • Изработка на студија на случај на некои индустриски капацитети;
  • Осознавање на НДТ во процесот на добивање на ИСКЗ;
  • Основни информации за ОВЖС елаборати;
  • Препознавање на сектори кои регулираат изработка на ОВЖС елаборати;
  • Осознавање на разликата помеѓу ИСКЗ, ОВЖС елаборати и ОВЖС студии;
  • Толкување на законските одредби, правилници, акти и подзаконски акти од областа на животна средина и нивно имплементирање при изработка на ИСКЗ, ОВЖС елаборати или ОВЖС студии

Освен реализација на обуки Консалтинг и тренинг центар КЛУЧ може да Ви помогне при изработка на горе споменатите елаборати и дозволи. 

Контактирајте не на 02 / 3211 - 422 или на маил: contact@key.com.mk.      

Обуките се одржуваат по договор.  Доколку сте заинтерсирани пополнете пријава за обука.