EHEDG Работилница на подгрупата за објекти

Започна со работа EHEDG Подгрупата за дизајн на објекти

На 3 и 4 октомври, 2011 се одржа првиот состанок на EHEDG Подгрупата за дизајн на објекти.

Подгрупата изготвува водич за дизајнирање на објекти за преханбената и фармацевтската индустрија.

Работната група е сочинета од 25 врвни експерти од целиот свет кои имаат огромно искуство во дизајнирање и изградба на објекти за најголемите компании ширум светот.

Во работата на оваа група освен Претседателот на мекедонската регионална секција на EHEDG, проф. д-р Владимир Какуринов, од Македонија учествува и Акелсандра Марковска, од Фуд консалтинг.

Изработениот документ ќе претставува основа на Европската регулатива за стандарди за изградба на објекти со потполна инфраструктура за прехранбената и фармацевската  индустрија.