EHEDG Работилница на подгрупата за објекти 19.01.2012

Втора средба на EHEDG Подгрупата за дизајн на објекти 19.01.2012

На 19 јануари, 2012 година во Амстердам (Холандија) се одржа втората средба на работната подгрупа на EHEDG за дизајн на објекти.

Како редовен член на подгрупата на средбата присуствуваше Александра Марковска од Фуд консалтинг.

На состанокот се разгледуваше изработениот документ за хигиенски дизајн на објекти во кои се произведува, преработува и доработува храна.

Беа отворени дискусии од страна на стручните лица од соодветните области во согласност со нивните практични искуства и се направија соодветните корекции.

Беа дадени инструкции за доработка на определени делови од документот, до наредната средба која се планира за 26 април, 2012 исто така во Амстердам.