Инфо-средба на Македонската регионална секција на EHEDG 28.02.2012

Хигиенско инженерство и дизајн на објекти за прехранбена и фармацевтска индустрија

На 28-ми февруари, 2012 година, во Стопанската комора на РМ, во организација на Македонската регионална секција на EHEDG се одржа уште една информативна средба за хигиенско инженерство и дизајн на објекти за прехранбена и фармацевтска индустрија. Хигиенското инженерство и дизајн на објекти е основен предуслов за безбедно производство на храна и фармацевтски производи, но исто така е и законска обврска според домашното и европско законодавство. 

На информативната средба Претседателот на Македонската регионална секција на EHEDG, Проф. д-р Владимир Какуринов зборуваше за законските и практични барања  за хигиенска изградба на објекти. 

Свое излагање за досегашните искуства како член на EHEDG и член на работната група за објекти, имаше и г-ѓата Алекдандра Марковска од Фуд Консалтинг.