Инфо-средба на Македонската регионална секција на EHEDG 25.04.2012

Хигиенско инженерство и дизајн на опрема за прехранбена и фармацевтска индустрија 25.04.2012

Уште една информативна средба на Македонската Регионална Секција на EHEDG се одржа на 25 април, 2012 година, во просториите на Стопанската Комора на РМ.

Акцентот на оваа средба беше ставен на хигиенскиот инженеринг и дизајн на опремата, машините и компонентите за  производство на храна. 

Настанот беше  посетен од над 40 лица, од кои дел се веќе членови на Македонската регионална секција.

Националната телевизија ТЕЛМА  и дневниот весник Нова Македонија медиумски го покриа настанот.

Проф.д-р Владимир Какуринов, претседателот на секцијата, ги објасни придобивките од членството во оваа реномирана меѓународна организација од областа на хигиенско инженерство и дизајн како и квалитет и безбедност на храна.

Членовите може да учествуваат во работата на под-групите и изработката на правлниците кои претставуваат основа за сегашните и идни регулативи на Европската Комисија во оваа област.