Конференција: Безбедност на храна во регионот на Југо-Источна Европа, Скопје 17.05.2012

Конференција: Безбедност на храна во регионот на Југо-Источна Европа, Скопје 17.05.2012

Во Хотел Континентал, на 17 мај, 2012 година, се одржа Конференција за Безбедност на храна во регионот на Југо-Источна Европа. Настанот беше организиран од фондацијата Балкан Нет, во рамките на проектот финансиран од германската GIZ (Gesellschaft fur unternational Zusammenarbeit GmbH), во соработка со Институтот за јавно здравје на РМ. 

Настанот беше посетен од повеќе од 100 претставници од индустријата за храна, претставници од државни и јавни релевантни установи, консултантски куќи, претставници од академијата, како и гости од соседните Албанија, Србија, Бугарија, Косово, како и од Босна и Херцеговина. 

Конференцијата ја отвори директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, г-динот Дејан Рунтевски, а свое обраќање имаше и заменикот амбасадор г-динот Walter Leuchs.

Во името на Инситутот за јавно здравје   на присутните се обрати г-ѓата Гордана Ристовска и главниот организатор на настанот г-динот Жан Станоевски од Балкан Нет.

Во работниот дел почетна презентација имаше г-динот Reinfelder од Германија , на тема Секторот за производство на храна-општо, меѓународно и во ЕУ. 

Нешто повеќе за хигиенското инженерство и дизајн зборуваше Проф.д-р Владимир Какуринов, од Консалтинг и тренинг центар КЛУЧ.

Од аспект на македонската регулатива во оваа област зборуваше г-ѓата Ристовска, а на тема Третманот на безбедна храна во медиумите своја презентација имаше г-динот Александар Димковски.

Завшната презентација во првиот ден јмаше М-р Марија Станојеска, од Жито Полог на тема Искуствата од имплементација на системот за безбедбост на храна во пекарската индустрија во Македонија. 

Настанот е предвиден да продолжи и на 18 мај, 20102  со дискусии и работа во групи.